Раководството на Арсенал сериозно размислува за ангажман на голманот на Челси, Кепа Аризабалага, пренесува „Скај Спортс“. Шпанецот има ослободителна клаузула во договорот со „сините“, според која може да замине за сума од пет милиони фунти.
Кепа минатата сезона ја мина на позајмица во Борнмут, каде што бранеше на 31 натпревар и прими 39 голови. Успеа да ја сочува својата мрежа недопрена на осум натпревари.
Арсенал ја заврши минатата сезона на второто место во Премиер-лигата, со Давид Раја како прв избор меѓу стативите. Се очекува и оваа сезона Шпанецот да ја започне како стартер.
Од друга страна, 30-годишниот Кепа не се наоѓа во плановите на новиот менаџер на Челси, Енцо Мареска. Пред престојот во Борнмут, Аризабалага беше позајмен и на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













