Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) го игра дуелот против Белгија во квалификациите за СП 2026. Тоа е најголемиот фаворит во групата, но капитенот Енис Барди потсети дека Македонија умеела да одигра на врвно ниво токму против најсилните селекции и во минатото.
“Играме во нашиот дом и не размислуваме за ништо друго освен за храбра игра, со поддршка од фановите можеме до победа. Ако не сонуваш за големи работи нема ни да ги оствариш своите цели. Веруваме сите дека можеме да одиграме на ниво и сите заедно да се радуваме”, изјави Барди, напоменувајќи дека можеби е време и за некоја негова магија од слободен удар.
“Дај боже да биде така, како што велите”, се сложи Барди.
Селекторот Благоја Милевски знае дека Белгија е поквалитетна селекција на индивидиален план.
“Имаат одлични индивидуалци, нема што да зборуваме за тоа. Но, нашата шанса е тимската игра и ако делуваме како целина, тогаш можеме да ги оствариме нашите тактички замисли”, изјави Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













