
Младата фудбалска репрезентација на Македонија е пред нов предизвик, утре го пречекува Израел во Скопје и посакува да продолжи по победнички патеки. Целта е второто место, но потребни се и максимум бодови за да се замешаме меѓу второпласираните селекции кои би обезбедиле учество во баражот за ЕП.
Играчот од средниот ред Јани Атанасов стрелаше од пенал против Казахстан и оптимистички гледа на дуелот со Израел.
„Ни преостануваат уште три натпревари до крај и сакаме да оствариме што е можно подобри резултати. Наша цел е да победиме на сите, работиме да ги добиеме сите. По триумфот над Казахстан, сега сме фокусирани на Израел, момците се подготвени и треба само да ги одработиме поставените задачи од селекторот Милевски. Сакаме триумф тука, потоа одиме на гости во Израел и ја пречекуваме Црна Гора. Израелците се добар тим, но ви гарантирам дека ќе дадеме се од себе за да успееме“, изјави Јани Атанасов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
