
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година утре ќе го пречека Израел со надеж дека ќе ја продолжи победничката низа. Дарко Чурлинов постигна два прекрасни гола на дуелот со Казахстан, верува во добра игра и триумф и на мечот со Израелците.
„Драго ми е што го дадов тој прв гол пред полувремето, го направив тоа за екипата, за да бидеме поблиску до Европско првнество. Значаен гол беше, се отвори мечот. Добро е што така излезе резултатот на крај. Што се однесува до следниот меч со Израел, подготвени сме. Ќе дадеме сите 100 проценти од нашите можности. И повеќе од тоа. Се надеваме на три бода. Ќе дадеме се од себе. Ќе се придржуваме на инструкциите од селекторот, тоа е најважно за нас Треба да ги одиграме добро сите натпревари до крај, да редиме победи, да освоиме што е можно повеќе бодови, а на Господ е дали ќе се пласираме на ЕП“, изјави Дарко Чурлинов по денешниот тренинг на младиот национален тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
