Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (14.30 часот) го пречекува Израел во Скопје и со триумф ќе ги продолжи надежите за пласман на Европското првенство. Македонија во моментот е второпласирана, но последнорангирана меѓу второпласираните селекции од сите групи.
Поради ситуацијата со Covid-19, УЕФА направи измени во натпреварувањето, па овојпат нема да има баражи, туку најдобрите пет второпласирани селекции од сите групи ќе им се придружат на деветте првопласирани и ќе изборат пласман на Европското првенство.
КАКО СЕ ОДРЕДУВА ПЛАСМАНОТ
Во групите каде има по пет репрезентации се сметаат сите резултати, додека во групите со по шест селекции (како што е случајот со Македонија) се бришат резултатите со последнопласираниот во групата. Ова значи дека на Македонија нема да и се сметаат двете победи против Фарски Острови (7-1 дома и 1-2 на гости).
Токму следните три натпревари, директните пресметки со Израел дома (денеска) и на гости, како и мечот со Црна Гора, ќе ги разрешат дилемите дали Македонија може до ЕП. Ќе мора да се победат сите натпревари, а и тогаш младите фудбалски репрезентативци ќе зависат од резултатите во останатите групи.
Во моментот, ситуацијата на рангирањето на второпласираните селекции изгледа вака…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski