
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше против Израел (1-1) на домашен терен и загуби најголем дел од шансите за пласман на Европското првенство, дури и ако заврши на втората позиција во групата. Селекцијата на Благоја Милевски не одговори на предизвикот, најавите за триумф останаа на зборови, а на теренот Израел беше подобар.
Сепак, во самиот финиш Јани Атанасов со гол од слободен удар во четвртата минута од судиското продолжение извлече еден бод за Македонија.
Шеј Елијас го постигна водечкиот гол за Израел во 21.минута, откако по корнерот од левата страна и неубедливата реакција на Ристо Јанков, ја пречека топката на вториот дирек и ја уфрли во голот.
Израел имаше повеќе од играта, неколку одлични шанси, а голманот Јанков ја спасуваше Македонија. Израелците во 56.минута не реализираа пенал, Јанков го скроти ударот на Ејлон Алмог, а потоа и уште неколку пати одлично интервенираше.
Македонија најубавата ја имаше во 68.минута, кога Антовски уфрли од левата страна, Јани Атанасов шутираше кон голот, но одбраната на Израел блокираше во последен момент. Сепак, Атанасов постигна гол од слободен удар во завшрницата и донесе реми за македонскиот национален тим
Македонија остана на втората позиција со 14 бода, а во следното коло ќе гостува во Израел.
Фото: ФФМ – Петр Стојановски

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
