
Симоне Инзаги ја напушта клупата Интер по взаемен договор, објавија официјално од клубот. Тој ќе продолжи да работи во Саудиска Арабија како тренер на Ал-Хилал. Ова е епилогот по денешната средба помеѓу тренерот, претседателот Џузепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аузилио.
Поранешниот напаѓач го напушта „Џузепе Меаца“ по четири сезони. Во тој период освои шест трофеи, меѓу кои една титула и два Купа на Италија. Под негово водство „нероазурите“ стигнаа и до два финалиња во Лигата на шампионите, но ги загубија, што претставува голема болка за Инѕаги. Тешкиот пораз од 0-5 против Пари Сен Жермен пред неколку дена е главната причина за прекинот на соработката.
„Во име на нашиот акционер Oaktree и целиот клуб, сакам да му се заблагодарам на Симоне Инѕаги за завршената работа, за покажаната страст и за искреноста за време на денешниот разговор, кој доведе до заедничка одлука да тргнеме по различни патишта. Само кога се бориш рамо до рамо за успех секој ден, можеш да водиш толку искрен дијалог, каков што имавме денес“, изјави претседателот Џузепе Марота по средбата.
Главен фаворит за тренерската позиција во Интер е Цеск Фабрегас (Комо), а меѓу опциите се и Роберто Де Зерби (Марсеј) и Роберто Манчини.
Изѕаги веднаш заминува за Саудиска Арабија, каде што ќе го преземе кормилото на Ал-Хилал. Тимот ја загуби борбата за титулата во домашното првенство, но ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство, кое започнува во средината на месецов. Инѕаги ќе дебитира токму на тој турнир, и тоа против Реал Мадрид на 18 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
