Ристе Јанков беше херојот на Македонија на дуелот со Израел, имаше неколку одлични одбрани во ремито (1-1) на комплексот „Петар Милошевски“. Тој вели дека нашиот млад национален тим можеше и мораше подобро, а сега ќе мора да се надомести на гостувањето во Израел.
„Израел беше тежок противник, за нас тежок натпревар. Но, ништо не е загубено. Одиме сега во Израел да победиме и да земеме три бода. Исто така и со Црна Гора треба да ја добиеме средбата на домашен терен. Ги анализиравме Израелците, тврда екипа, знаевме што не очекува, но требаше да прикажеме подобра игра и да оствариме подобар резултат“, изјави Ристе Јанков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













