Сѐ е подготвено за големото финале во Лигата на шампионите, кое вечерва ќе се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Тренерите на двата финалисти – Луис Енрике на ПСЖ и Симоне Инзаги на Интер – ги открија своите почетни состави.
Францускиот шампион ќе настапи во формација 4-3-3, а најголемата новост е појавувањето на младиот крилен напаѓач Дуе во стартниот тим, додека Бредли Баркола ќе остане на клупата. Тренерот Луис Енрике одлучи да му даде предност на младиот фудбалер, додека во нападот ќе делуваат и Кварацкелија и Дембеле.
Интер, пак, се држи до својата проверена формација 3-5-2, а тренерот Инзаги не се соочува со повреди или суспензии. Во одбраната ќе стартува Бењамин Павар, кој доби предност пред Дармијан.
Почетни состави
Пари Сен Жермен: Донарума – Хакими, Пачо, Маркињос, Нуно Мендеш – Витиња, Жоао Невеш, Фабиан Руиз – Дуе, Кварацкелија, Дембеле.
Интер: Зомер – Павар, Ачерби, Бастони – Дамфрис, Мхитарјан, Чалханоглу, Барела, Димарко – Турам, Лаутаро Мартинез.
Главен судија на финалниот натпревар ќе биде искусниот Романец Иштван Ковач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













