
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ремизираше без голови против соодветната репрезентација на Србија и на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Двајцата селектори направија многу замени во почетниот состав во однос на првиот натпревар, но погодоци сепак немаше ниту на возвратниот меч меѓу двете селекции. Убави шанси за погодок нашата селекција имаше преку Гуџуфи и Јаневски во првиот дел, а во второто полувреме Ерион Шуку беше во добра шанса, но не погоди.
Гостинските фудбалери постигнаа погодок во вториот дел, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција.
МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 0-0
Македонија до 17 години: 12. Васко Василев, 2. Никола Павлески, 3. Марко Ристов, 4. Бленд Зекири, 5. Енис Буки, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 14. Мирче Стоилов, 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку; Селектор: Драги Канатларовски.
Замени: 1. Стефан Тасев, 8. Матеј Ѓоргиев, 9. Левент Ибраим, 11. Матеј Ѓурчиновски, 13. Христијан Поп Антоски, 15. Борјан Попоски, 17. Марко Тренески, 18. Љорик Каба;
Србија до 17 години: 1. Матеја Премовиќ, 3. Бранислав Миланов, 5. Лазар Жакниќ, 8. Леонтије Васиќ, 11. Михајло Ивановиќ, 13. Ѓорге Гордиќ, 14. Никола Вукиќ, 16. Милош Маљукан, 17. Андреј Стефановиќ, 18. Лука Лабан, 19. Урош Миладиновиќ; Селектор: Саша Илиќ.
Замени: Стефан Лековиќ, Лика Дробњак, Урош Пауновиќ, Давор Ракиќ, Павле Огњановиќ, Лазар Каличанин, Вања Апостоловски, Никола Маринковиќ;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси
