Пари Сен Жермен потпиша договор со 18-годишниот голман на Рома и италијанската репрезентација до 21 година, Ренато Марин, пренесува„Л’ЕКип“.
Договорот е потпишан на пет години, но Марин ќе се приклучи на тимот дури на 1 јули, бидејќи Рома не сака да го пушти пред истекот на неговиот актуелен договор.
ПСЖ веќе го ангажираше рускиот голман Матвеј Сафонов, кој моментално е втора опција зад Џанлуиџи Донарума. Според истиот извор, францускиот гигант го довел Марин како замена за третиот голман, 23-годишниот Арнау Тенас, кој настапува за олимписката репрезентација на Шпанија.
Интересно е што тој оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за сениорскиот тим на Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













