Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, откри дека клубот веќе има постигнат договор со негов наследник, кој ќе го преземе тимот во летниот период.
„Секако, сè е веќе договорено. Но, од претседателот зависи кога ќе одлучи да го објави тоа“, изјави Раниери во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“.
Во италијанската јавност се шпекулира со неколку големи имиња кои би можеле да го наследат Раниери, меѓу кои Масимилијано Алегри, Маурицио Сари, па дури и Јирген Клоп.
„Дури и брат ми ме повика да ме праша: ‘Барем на мене кажи, сите прашуваат’. Токму затоа не ти кажувам, за да не се прошири“, додаде Раниери, со доза на хумор.
Иако ќе се повлече од клупата, Раниери нема целосно да ја напушти Рома.
„Ќе бидам советник. Често разговарам со претседателот, му кажувам што функционира, а што не. Тој слуша и реагира“, појасни искусниот стратег.
Клаудио Раниери дојде во Рома во тешки времиња за клубот и помогна во стабилизирање на тимот, а сега ќе продолжи да делува од поинаква позиција, зад сцената.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













