Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Торино, но нема да остане во калчолигашот поради сумата која ја бара бундеслигашот Лајпциг. Сепак, во трката за неговиот потпис се вклучи друг голем клуб.
Италијанските медиуми тврдат дека Елмас се наоѓа на листата со желби на поранешниот европски шампион Ајакс, кој планира да понуди 12 милиони евра за неговиот трансфер.
Сега потегот е на Лајпциг, кој треба да одлучи дали ќе го продаде македонскиот фудбалер за „само“ 12 милиони евра, откако претходно не прифати да му даде попуст на Торино – клуб што не беше подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра.
Елмас, по доаѓањето во Торино, одигра 14 натпревари и постигна четири голови за „биковите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













