Барселона би можела да добие значително „засилување“ пред клучниот реванш со Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите – напаѓачот Роберт Левандовски е блиску до враќање на теренот. Полјакот најверојатно ќе започне од клупата, но тренерот Чави ќе го има на располагање доколку ситуацијата тоа го наложи.
Првиот спектакуларен дуел на „Камп Ноу“ заврши без победник, 3-3, што ја остава судбината на двете екипи отворена. Одлучувачкиот натпревар е закажан за 6 мај на легендарниот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Добра вест за каталонците е што Гави, кој заработи удар против Валјадолид, сепак нема сериозна повреда и се очекува да биде подготвен за големото дерби.
Но, не се сите вести позитивни – Барселона сигурно ќе мора да се справи без Алекс Балде. Младиот лев бек сè уште се мачи со повреда на колкот, и неговото опоравување не оди според очекувањата, па ќе го пропушти реваншот со „нероаѕурите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













