Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, се премислил и веќе дал согласност да ја преземе бразилската репрезентација, објавува „Ас“. Иако минатата недела кажа „не“, сега постигнал конечен договор со Едналдо Родригес, претседателот на Фудбалската конфедерација на Бразил.
Точниот датум за потпишување на договорот треба да биде 12 мај — само еден ден по Ел Класико против Барселона, кога ќе биде познат расплетот во Шпанија.
Анчелоти допрва треба да се договори со претседателот на Реал, Флорентино Перез, за условите на разделбата, бидејќи има договор со клубот уште една сезона.
Во изминатите денови се дозна дека Карлето добил понуда и од Ал-Хилал од Саудиска Арабија, но ја одбил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













