
Oсумте натпревари од 27. коло во Втората македонска фудбалска лига, со неколку пресметки што би можеле значително да влијаат на расплетот на табелата, се денешната понуда на домашната сцена, покрај прволигашкото дерби меѓу Шкупи и Вардар.
🔥 Дербито на колото: Арсими – Брегалница
Најголемото внимание е насочено кон Гостивар, каде Арсими ќе ја пречека Брегалница во дерби пресметката за третото место. Победа на домаќините би значела нивно сериозно вклучување во трката за едно од првите две места, додека Брегалница нема право на кикс ако сака да остане во борба барем за бараж.
⚠️ Македонија ЃП пред промоција, Борец пред испаѓање
Лидерот Македонија ЃП го пречекува Борец, и сè освен сигурна победа на домаќините би било големо изненадување. Со евентуален пораз, Борец и математички би се преселил во Третата лига.
💥 Башкими мора да победи
Тимот од Куманово дома го пречекува ФК Скопје и мора да дојде до три бода за да ги задржи шансите за директен пласман или барем бараж.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 27.КОЛО (денеска, 16 часот)
Арсими – Брегалница
Македонија ЃП – Борец
Саса – Вардар Неготино
Новаци – Вардарски
Победа – Осогово
Башкими – Скопје
Охрид – Кожув
Беласица – Детонит

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
