Connect with us

Претседателот на ФФМ на средба со куп-финалистите: Ќе има ВАР и нека има фер-плеј за фудбалски празник

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум, клубовите кои ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија.

Финалниот натпревар е закажан за 21. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Целта на средбата беше координација околу подготовките и организацијата на настанот, кој треба да биде вистински празник на фудбалот.

Во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување беше истакната заедничката заложба – финалето да помине во најдобар ред и да победи подобриот тим.

На состанокот присуствуваа и претставници на Судискиот одбор, со цел унапредување на транспарентноста и довербата во судиските одлуки. Како дел од заложбите во таа насока, на финалниот натпревар ќе биде во функција ВАР технологија за носење судиски одлуки во спорни ситуации.

Овој чекор и имплементирањето на ВАР технологија на финалето од Купот на Македонија е резултат на иницијативата на претседателот Омерагиќ и соработката со фудбалските федерации од регионот, со цел унапредување на судиските стандарди и зголемување на довербата.

Финалето од Купот на Македонија ќе биде емитувано во живо преку телевизиски пренос.

Фудбалската федерација на Македонија ќе преземе сè што е потребно натпреварот да биде организиран на највисоко ниво, во интерес на клубовите, навивачите и македонскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови