Вардар е во фантастичен ритам, сега Гоце Седлоски има на располагање тим за респект, па и Горан Закариќ има со кого да игра, да го покаже целиот свој потенцијал. Тој беше стрелец на два гола во триумфот (3-1) против Беса, една рутинска реализација на пенал, но и едно големо мајсторство, соло акција и шут од 20 метри, што го истакнува малку повеќе од сите други во ова 29.коло, во кое за жал повторно многу повеќе пишуваме и зборуваме за напуштање на терен, и сомнежи во судиски одлуки, отколку за главните актери – фудбалерите.
МАКФУДБАЛ го избра Горан Закариќ за најдобар фудбалер на 29.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













