Работнички успеа да направи пресврт (1-2) против Гостивар во важниот меч за излез во Европа, во 29.коло од Првата фудбалска лига. Пред крајот, откако Работнички постигна два гола, преку Ангелов и Далеј, фудбалерите на Гостивар одлучија да го напуштат теренот незадоволни од судењето. Сепак, тоа секако не го намалува успехот на „романтичарите“ на овој дуел.

Матеј Ангелов одигра одличен меч, беше стрелец на израмнувачкиот гол во 79.минута, кој му го посвети на Андреј Лазаров, поранешниот член на Работнички, Шкупи, Тиквеш, Горица, кој го загуби животот во големата трагедија во Кочани.

Откако го постигна погодокот, Ангелов го соблече дресот и ја покажа маичката со ликот на Андреј Лазаров. Потег за респект. Андреј Лазаров никогаш нема да биде заборавен!

Фото: Игор Паневски
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













