Фудбалерите на Ливерпул денеска (17.30 часот) го пречекуваат Тотенхем во рамките на 34. коло од Премиер – лигата. Доколку останат непоразени, четири кола пред крајот ќе ја обезбедат 20-та титула шампион на Англија, а втора во ерата на Премиер – лигата.
„Црвените“ досега ја освоија Премиер – лигата само во 2020 година.
Со титулата која сега им е на дофат, Ливерпул ќе се изедначи со Манчестер Јунајтед на вечната листа на најтрофејни клубови во Англија.
„За ова се боревме цела година. Стигнавме до ситуација каде пред нашите навивачи можеме да ја освоиме титулата и ќе дадеме сè од себе тоа да го искористиме. Но, не смееме да заборавиме дека Тотенхем е многу квалитетен тим кој има свои амбиции во овој натпревар. Мораме да бидеме максимално фокусирани за да ја исполниме целта и да ги израдуваме нашите фанови“, изјави менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, кому му се насмевнува титула во неговата дебитантска сезона во Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













