Јувентус повторно ќе ја заврши сезоната без трофеј, откако беше елиминиран од Купот на Италија, а сега главната цел останува пласман во Лигата на шампионите. Иднината на Игор Тудор на клупата изгледа неизвесна, а раководството на „старата дама“ веќе подготвува планови за летниот преоден рок.
Интересно е што Јувентус ја разгледува можноста за засилување од Ипсвич, англиски премиерлигаш кој оваа сезона изненади многумина. Трансферна цел на Јуве е 22-годишниот напаѓач Лијам Делап, а вредноста на потенцијалниот трансфер се проценува на 35 милиони евра.
Делап е син на поранешниот премиерлигашки фудбалер Рори Делап. Својата кариера ја почна во академијата на Дерби Каунти, па потоа прејде во Манчестер Сити. Не доби вистинска шанса таму, па беше испраќан на позајмици во Стоук, Престон и Хал, пред Сити да го продаде минатото лето во Ипсвич за 18 милиони евра. Оваа сезона има 12 голови и две асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања.
Овој трансфер се гледа и како подготовка за можната продажба на Душан Влаховиќ, кој се споменува дека може да си замине од Торино претстојното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













