Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговиот тим мора да го подигне нивото во првенството, бидејќи веќе ни второто место не е сигурно. Лондонскиот тим одигра две последовни нерешени средби, што му овозможи на Њукасл да се доближи на само четири бода.
„Наш приоритет сега е да победуваме натпревари во Премиер – лигата. Бевме во многу подобра позиција, но последните две ремија значително го променија тоа. Треба да му честитаме на Њукасл за формата во која се наоѓаат и начинот на кој играат. Ние мора да го подигнеме нивото и да почнеме да победуваме“, изјави Артета.
Арсенал гостува кај Ипсвич во недела и, доколку загуби, Ливерпул може да стане шампион уште овој викенд.
„Мора да победиме за тоа да не се случи“, додаде менаџерот по тој повод.
Тој ги коментираше и претстојните натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Мојата лична желба е секогаш да бидеме домаќини на реваншот, но таква е ситуацијата. Треба да видиме какви предности и можности ни нуди тоа. Ако гледавте фудбал вчера, знаете дека реваншите во европските вечери се лудило – сè може да се случи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













