
Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, се повреди во победата против Леганес, кога го напушти теренот поради проблеми со задната ложа. Тестовите ја потврдиле сериозноста на повредата, иако клубот не ја откри точната проценка на времето на паузата.
Барселона не објави прецизен рок за неговото враќање, но извори блиски до клубот велат дека Балде ќе биде надвор од терените од 15 до 20 дена. Тоа значи дека ќе пропушти важни натпревари, вклучувајќи го реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, како и дуелите со Мајорка и со Хетафе во Ла Лига. Но, нема да биде подготвен и за финалето на Купот на Шпанија против Реал Мадрид.
Барселона ќе се надева дека Балде ќе биде целосно подготвен за првиот натпревар во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер или Баерн, кој се игра на 29. или 30. април.
Оваа сезона, Балде беше една од најстандардните фигури во тимот на Ханси Флик, со 43 настапи, еден гол и 10 асистенции. Во негово отсуство, останува да се види дали Флик ќе се одлучи да му даде доверба на Жерар Мартин или ќе направи промени во составот, можеби преместувајќи го Ињиго Мартинез на лев бек, со Араухо и Кубарси на стоперските позиции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
