Атлетик Билбао продолжува со одличните настапи во Ла Лига, овојпат славејќи со 3-1 против Рајо Ваљекано на „Сан Мамеш“. Со оваа победа, баскискиот тим го зацврсти четвртото место на табелата и останува во трката за Лигата на шампионите.
Гостите поведоа во 37. минута преку Пате Сис, но домаќините одговорија силно во второто полувреме. Ојхан Санцет во 58. минута реализираше пенал за израмнување, а во 80. Нико Вилијамс блесна со прекрасен гол за водство на Билбао.
🚨🇪🇸 WHAT A GOAL FROM NICO WILLIAMS WITH ATHLETIC CLUB! ✨pic.twitter.com/pcNcpndqaS
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 13, 2025
Победата ја запечати повторно Санцет, кој во 94. минута го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













