Холандскиот фудбал изгуби една од своите највлијателни фигури – Лео Бенхакер, прославениот тренер, почина денеска на 82-годишна возраст, потврди неговото семејство.
Лео Бенхакер речиси целиот свој живот го посвети на фудбалот. Иако како фудбалер немаше значајна кариера, како тренер остави длабока трага. Во текот на својата богата кариера, седеше на клупите на големи клубови како Ајакс, Сарагоса, Реал Мадрид и Феенорд, а беше селектор и на неколку репрезентации – Холандија, Саудиска Арабија, Тринидад и Тобаго и Полска.
Најголемите успеси ги постигна на чело на Реал Мадрид, со кој освои три титули во шпанското првенство, како и еден Куп на кралот. Со Ајакс двапати беше шампион на Холандија, а во 2006 година успеа да ја однесе репрезентацијата на Тринидад и Тобаго на Светското првенство, што беше историски успех за таа земја.
Лео Бенхакер ќе остане запаметен како тренер со големо знаење, харизма и страст за играта, кој зад себе остави богато фудбалско наследство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













