Connect with us

Сите го плукаа и го навредуваа Рафиња во Буенос Аирес, освен еден човек…

Бразилците лошо со поминаа во Буенос Аирес и загубија со 4-1 од Аргентина, а посебно лошо си пројде Рафиња, на кого му беше приреден вистински „пекол“ на теренот.

Рафиња зборуваше како Бразилците доаѓаат по победа и дека ќе се „тепаат“ со Аргентинците ако треба. Сепак, домаќините по убедливата победа започнаа со „одмазда“, а предничеше Емилијано Мартинез, кој дури и го оттурна Рафиња „случајно“ додека минуваше покрај него.

Потешка ноќ од оваа Рафиња никогаш немал. Судијата свирна крај, а потоа следуваше срамот од Мартинез и неговите соиграчи. Немаа милост за Бразилецот.

Тука се вклучија и останатите репрезентативци на Аргентина, кои имаа што да му кажат на фудбалерот на Барселона, но ситуацијата сепак успеа да се смири.

Сепак, не беа сите Аргентинци така настроени. Во тунелот кон соблекувалните, селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го чекаше Рафиња за да го поздрави и да му даде поддршка по сè што се случи. Нивната прегратка стана главна тема во аргентинската јавност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови