Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го загуби пријателскиот натпревар против Белорусија (1-3) на кампот во Анталија (Турција). Ова е новата селекција на Горан Станиќ, на која веројатно ќе и биде потребно малку повеќе време за да се воигра.
Стрелец на единствениот гол за Македонија беше крилниот напаѓач на Беласица, Кире Стојанов во 82.минута.
Претходно, Белорусија веќе обезбеди сигурно водство. Дубинец во 22.минута го отвори резултатот, а Французов во 61.минута од пенал зголеми на 2-0. Третиот гол за Белорусија го постигна Цепенков во 69.минута, а во финишот Кире Стојанов го постави конечниот епилог.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













