Макфудбал во Вадуц,
Македонската фудбалска репрезентација утре (15 часот) на стадионот „Реинпарк“ во Вадуц го започнува квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026. Нашиот тим важи за фаворит против Лихтенштајн, но капитенот Енис Барди нагласува дека тоа мора да се докаже на теренот.
„Во денешниот модерен европски фудбал нема апсолутни фаворити. Секој противник заслужува почит, а сè останато треба да се избори на теренот. Ова е нов почеток за нас, треба да ја насочиме енергијата, да дадеме максимум и да освоиме три бода. Веруваме дека можеме да направиме многу во овој циклус и да го оствариме сонот за нешто големо“, изјави Барди.
Тој истакна дека во овие тешки моменти најважно е да се даде поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата, а репрезентативците ќе го направат тоа со посветена игра и гордо носење на македонскиот дрес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













