Дефанзивецот на Шпанија, Дин Хујсен, изјави дека му е чест неговото име да биде поврзувано со толку голем клуб како Реал Мадрид, но истовремено не размислува за тоа се додека не дојде време за евентуален трансфер. Името на дефанзивецот се поврзуваше со „кралскиот клуб“ во шпанските медиуми во последните денови, а договорот на играчот има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Хујсен прејде во Борнмут од Јувентус за само 15 милиони евра минатото лето, но со своите настапи остави силен впечаток и дури стигна до националниот тим на „црвената фурија“.
Реал Мадрид се насочува кон поевтина опција од Премиер – лигата во споредба со Конате и Салиба.
„Дали би сакал да играм за Реал Мадрид? Во моментот не размислувам за тоа. Сакам да ја завршам сезонава добро, а потоа, кога ќе дојде соодветниот момент, ќе видиме. Сепак, чест е кога голем клуб се интересира за тебе. Но, ние мора да продолжиме да работиме и да бидеме скромни“, коментираше Хујсен по ремито на Шпанија (2-2) како гостин против Холандија во првиот натпревар од четвртфиналниот плејоф во Лигата на нациите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













