Connect with us

Симеоне: Сега Барселона е главен фаворит за титулата во Ла Лига

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека поразот од Барселона со 2-4 ќе има значително влијание врз шансите на неговиот тим во борбата за титулата.

Според него, по овој натпревар, каталонците се најголеми фаворити за освојување на Ла Лига. Атлетико ќе мора да се фокусира на секој следен меч и да се надева на грешки од ривалите.

„Барса има натпревар помалку и не знам што ќе се случи, но тие имаат значителна предност – тоа е факт. Ние ќе продолжиме да се бориме натпревар по натпревар, сега ни останува да се подготвиме за дуелот со Еспањол и да одиме до крај. Им честитам на Барселона за агресивноста во клучните моменти. Имавме добар резултат, но не успеавме да го задржиме доволно долго за да стекнеме поголема самодоверба. Голот за 2-1 ја смени динамиката на мечот и им даде сигурност во нападот. Можевме подобро да ги искористиме контранападите, но не ги донесовме вистинските одлуки. Потоа дојде 2-2 и 2-3 по еден среќен рикошет – но и тоа е дел од фудбалот. Како што ние победивме и одигравме нерешено со Барселона, овојпат среќата беше на нивна страна“, изјави Симеоне.

„При голот на Левандовски не реагиравме најдобро во одбраната. Беше прекрасен погодок кој го смени текот на мечот и ни внесе несигурност. Барса е одличен тим кој игра на високо ниво. Индивидуално се извонредни, а како тим функционираат одлично. Ние се боревме со нашите ресурси, и тоа е една од позитивните работи што можеме да ги извлечеме од овој дуел“, додаде аргентинскиот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови