Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на популарното музичко дуо ДНК, го загуби животот од последиците на страшниот пожар во Кочани. Тој, и покрај тешките изгореници, се обидел да им помогне на другите, но, за жал, не успеал да се спаси.
ДНК беше еден од најпознатите музички бендови во Македонија и остави голема трага во музичката сцена. Тие ја испеаја и една од навивачките химни за македонската фудбалска репрезентација, по историскиот пласман на Европското првенство во 2021 година.
Во страшниот пожар животот го загуби и тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица, а сѐ уште се трага по вонредниот професор м-р Сара Пројковска од Факултетот за музички уметности, која беше пратечки вокал во ДНК.
Оваа трагедија е огромна загуба за македонската музичка сцена и целата земја. Најискрено сочувство до семејствата, пријателите и сите кои ги познаваа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













