
Шкендија вчера ремизираше 1-1 против Вардар на стадионот на ФФМ во воведниот натпревар од 24.коло во Првата фудбалска лига, па нејзините конкуренти во трката за титулата тоа го гледаат како шанса да ја намалат негативата во однос на лидерот на денешните дуели.
Сите екипи од врвот на табелата гостуваат во денешното 24.коло.
Силекс оди на гости во Струмица и ќе се сретне со Брера, а тимот ќе биде без помошта на тренерот Александар Васоски на клупата поради црвениот картон што го доби на мечот со Вардар. Но, тоа не значи дека кратовци нема да атакуваат на трите бода.
Гостивар го очекува гостување во Кавадарци кај Тиквеш, а Работнички ќе игра против Воска Спорт во Охрид. Се очекуваат интересни пресметки, со оглед дека и на домаќините бодовите им се многу значајни во битката за опстанок.
Актуелниот шампион Струга Трим Лум исто така е гостин, ќе игра против Беса во Гостивар.
Шкупи на домашен терен ќе го пречека Пелистер.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО (денеска, 15 часот)
БРЕРА – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
БЕСА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
