Борац Бања Лука направи историски успех со пласман во осминафиналето на Конференциската лига, но нивниот европски сон заврши по елиминацијата од Рапид Виена. Македонските интернационалци во тимот, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Херера, беа дел од овој успех, иако Шишковски остана на клупата, Николов влезе во игра во 74. минута, а Херера одигра цел меч.
Дарко Чурлинов и неговата Јагиелонија, пак, успеаја да се пласираат во четвртфиналето, иако Серкл Бриж им создаде многу проблеми. Полскиот тим ја имаше удобната предност од три гола од првиот меч, но загуби со 2-0 во Белгија и со тешки маки помина понатаму. Чурлинов доби шанса од 58. минута.
Во останатите дуели, Ѓургарден го елиминираше Пафос со убедливи 3-0, а Целје по вистински трилер со Лугано и пенали обезбеди место во четвртфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













