Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт и вторпат славеше против Ајакс (4-1) и се пласира во четвртфиналето на Лига Европа. По триумфот во Холандија (1-2), Ајнтрахт победи и на реваншот со головите на Жан-Матео Бахоја и на Марио Геце во првиот дел, и Екитике и Геце во второто полувреме.
Атлетик Билбао ја победи Рома со 3-1 и ја елиминира, откако италијанскиот тим во Рим обезбеди предност од еден гол (2-1). Двоен стрелец беше Нико Вилијамс, погоди и Јури Берчиче, а единствениот гол за Рожа го даде Паредес од пенал во 92.минута.
Понатаму одат и Лацио и Бодо/Глимт. Лацио одигра 1-1 против Плзен, но победи на првиот меч во Чешка.
Бодо/Глимт загуби од Олимпијакос со 2-1, но првиот дуел го доби со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













