
Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, го објави својот состав за натпреварите против Италија на 20 и 23 март од четвртфиналето на Лигата на нациите.
Впечатливо е враќањето на играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, во националниот тим, откако покажа одлична форма во последниот период за баварците. Последен пат, 30-годишниот играч настапи за Германија на крајот на 2023 година – при поразот од Австрија со 0-2 во пријателски натпревар, а не беше дел ниту од составот за ЕВРО 2024.
Првпат повик доби 24-годишниот дефанзивец на Интер, Јан Бисек. Карим Адејеми од Борусија Дортмунд и Надим Амири од сензацијата Мајнц се враќаат во репрезентацијата, откако беа изоставени од претходните натпревари.
Самиот Нагелсман го коментираше враќањето на Горецка за официјалната страница на Германската фудбалска федерација.
„Клучниот фактор за секој играч е нашата спортска проценка: Дали тој заслужува да биде тука или не? Мислам дека Леон е во одлична форма; имаше многу добра сезона и мислам дека се подобри во неколку аспекти.“
„Имаше тежок период во Баерн, исто како и во репрезентацијата. Но, успеа да се избори со тоа и сега игра клучна улога. Пресреќен сум што ќе се врати во понеделник, а и тој сигурно ќе биде многу среќен. Националниот тим му значи многу и сум сигурен дека ќе даде сѐ од себе за нас.“
Во составот на Германија ќе недостигаат неколку важни фудбалери, како повредените до крајот на сезоната Марк-Андре тер Штеген и Каи Хаверц, како и Флоријан Вирц, Никлас Филкруг и Александер Павловиќ, кои исто така нема да бидат на располагање.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
