Астон Вила и Арсенал обезбедија место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако успешно ги минаа осминафиналните предизвици.
Астон Вила славеше убедлива победа од 3-0 против Клуб Бриж, а клучна улога одигра Марко Асенсио, кој постигна два гола. Во листата на стрелци се запиша и Матсен, додека белгискиот тим остана со играч помалку уште во 17-та минута поради исклучувањето на Киријани Сабе. Во следната рунда, Вила ќе се соочи со ПСЖ.
Арсенал, пак, одигра 2-2 против ПСВ Ајндховен на „Емирати“, но благодарение на убедливиот триумф од 1-7 на првиот натпревар, лесно се пласираше во четвртфиналето. Зинченко и Рајс беа стрелци за „топчиите“, додека за холандскиот тим погодија Перишиќ и Дриуеш.
Во меѓувреме, мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал ќе влезе во продолженија, откако Атлетико славеше со 1-0, анулирајќи ја предноста на Реал од 2-1 од првиот меч. Конор Галахер го постигна единствениот гол уште во првата минута, а Винисиус Жуниор во 70. минута не успеа да реализира пенал, испраќајќи ја топката високо над голот.
Арсенал сега го очекува победникот од ова дерби, што ќе донесе уште еден голем дуел во следната рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













