
Барселона продолжува да има големи шанси за освојување на три значајни трофеи оваа сезона, но тренерот Ханси Флик не сака да дава прерани прогнози. Каталонците синоќа славеа со 3-1 против Бенфика и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Барса е без пораз на последните 17 натпревари во сите натпреварувања, а воедно е лидер во Ла Лига и полуфиналист во Купот на Кралот.
„Прво треба да се фокусираме на четвртфиналето и да се подготвиме за следниот противник во Лигата на шампионите. Ова е најтешкиот турнир, но уживаме да играме во него. Се надевам дека ќе продолжиме да ги надминуваме пречките чекор по чекор, но патот е долг“, изјави Флик.
Следниот противник на Барселона ќе биде победникот од дуелот меѓу Лил и Борусија Дортмунд, кои одиграа 1-1 во Германија, а реваншот е закажан за вечерва во Франција.
„Задоволен сум од натпреварот против Бенфика. Не ги потценивме и завршивме одлична работа, иако ни создадоа проблеми. Играчите одиграа добро и горд сум на нив. Посебно ми е драго за Ламин Јамал, кој немаше постигнато гол шест натпревари. Сите сме среќни за него, бидејќи е неверојатен талент“, додаде германскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
