Барселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако вечерва ја совлада Бенфика со 3-1 и го потврди пласманот во следната рунда. Каталонскиот тим славеше и на првиот меч во Лисабон со 1-0.
Ламин Јамал блескаше на овој дуел и стана најмладиот фудбалер во историјата на ЛШ кој успеал да постигне гол и да забележи асистенција на еден меч. Го стори тоа на 17 години и 241 ден.
Јамал во 11.минута му асистираше на Рафиња за водство. Две минути подоцна Отаменди успеа да израмни со удар со глава по корнерот од левата страна.
Во 27.минута, актерите беа исти, но улогите се сменија, па младиот фудбалер Ламин Јамал постигна прекрасен гол на асистенција на Рафиња.
Во 42.минута, Рафиња постигна уште еден гол и го завери триумфот на Барса и пласманот во четвртфиналето на ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













