Атлетико Мадрид може да остане без две клучни фигури за реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Станува збор за Родриго де Пол и Клемен Ленгле, кои се здобија со повреди по натпреварот против Хетафе (1-2) изминатиот викенд.
Аргентинецот беше заменет на полувремето поради мускулен проблем, додека Ленгле воопшто не настапи, бидејќи почувствува проблем при загревањето, по што неговото место во почетниот состав го зазеде Робин Ле Норман.
„Двајцата имаат различни проблеми, ќе видиме дали ќе можат да играат во среда. Ако не, се надевам дека барем ќе бидат подготвени за неделниот меч против Барселона“, изјави Диего Симеоне.
Де Пол е клучен играч за Атлетико и досега сезонава има пропуштено само три натпревари, играјќи важна улога во средниот ред. Ленгле, пак, на почетокот не беше прв избор на Симеоне, но постепено успеа да го измести Робин Ле Норман од тимот и да изгради цврста стоперска двојка со Хозе Марија Хименес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер убедливо го порази Комо (ВИДЕО)













