
ФК Брегалница и дефинитивно добива нов приватен сопственик откако денеска на седницата на Советот на општина Штип донесена е едногласна одлука фудбалскиот колектив да се продава на берза по номинална вредност од 100 евра по една акција.
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов беа единствени во ставот дека политиката треба да се остави настрана од клубот и „сините“ конечно да добијат стабилен спонзор и сопственик во интерес на сите искрени љубители на фудбалот.
Во Штип е веќе познатo и името на идниот сопственик, истакнат бизнисмен и инвеститор во спортот, кој треба да го издигне клубот на највисоко ниво. Се очекува целокупната постапка за продажба на дел од акциите на Брегалница да заврши до 11. јули, кога е закажана нова седница на Советот на општината.
Според најавите, ЈП Исар и натаму ќе ги одржува спортските терени, но Општина Штип, како што истакна градоначалникот Бочварски, во иднина ќе инвестира двојно помалку средства од сегашните во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
