
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше задоволен од победата со 0-1 над Пари Сен Жермен во првиот натпревар меѓу двата тима од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој призна дека неговиот тим имал среќа што си замина со триумф од „Паркот на принцовите“ и изјави дека „црвените“ ја почувствувале во целост силата на францускиот шампион.
„Дури и ако мечот завршеше нерешено, повторно ќе бевме среќници. ПСЖ беше далеку подобар тим. Во првото полувреме создадоа многу шанси, а и во вториот дел продолжија да бидат подобри. Повторно се виде колку се квалитетни. Сепак, чувствував дека можеме да ги казниме со контранапад. Имавме три или четири можности, но чекавме до последниот момент за да го зададеме завршниот удар“, изјави Слот.
Тој го пофали и стрелецот на победничкиот гол, Харви Елиот.
„Ова е голем момент за него. Харви е одличен играч, но се натпреварува со други врвни фудбалери, кои не е лесно да ги извадам од составот. Шобошлаи е многу важен со својата неуморна работа на теренот. Истото важи и за Дарвин Нуњез, кој исто така влезе од клупата. Со него добивме уште една закана кон противничкиот гол“, додаде Холанѓанецот.
Потоа повторно призна дека неговиот тим треба да биде благодарен што си замина со победа од овој натпревар.
„Ова е добар резултат, но ја почувствувавме силата на ПСЖ. Секоја статистика покажува дека тие се најдобриот тим во Лигата на шампионите. Не сум изненаден од тоа колку добро одиграа. Не би рекол дека нашето издание беше под очекувањата, туку повеќе изгледаше така поради класата на противникот. Тие покажаа дека Луис Енрике има изградено неверојатен тим“, смета Слот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
