Раководството на Ливерпул размислува да му понуди нов договор на менаџерот Арне Слот, иако тој го презеде тимот минатото лето, потпишувајќи тригодишен договор.
Под негово водство, Ливерпул прикажува импресивна форма, моментално е на врвот на Премиер – лигата со предност од 13 поени пред второпласираниот Арсенал. На крајот на оваа недела тимот го очекува финалето во Лига Купот, а пред тоа ќе се соочи со Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Единственото разочарување досега е елиминацијата од ФА Купот по поразот од Плимут, во меч во кој Слот настапи со резервните играчи.
Актуелниот договор на Слот му носи околу 8 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси за одредени успеси, што е приближно половина од платата што ја добиваше неговиот претходник, Јирген Клоп.
Успесите на Слот доведоа до тоа раководството на Ливерпул да размислува за нов договор, иако неговиот тековен договор истекува во 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













