Пари Сен Жермен продолжи со одличната форма и со убедлива победа од 4-1 против Лил ја зацврсти својата лидерска позиција во Лига 1, приближувајќи се уште повеќе до титулата.
Домашниот тим доминираше од самиот почеток и веќе во првото полувреме ја заврши работата. Баркола погоди уште во 6. минута, Маркињос зголеми на 2-0 во 22. минута, а Дембеле во 28. минута ја продолжи гол-серијата. Дуе во 37. минута го постави конечниот резултат за ПСЖ, додека Лил успеа да постигне почесен гол преку Џонатан Давид во финишот на мечот.
Овој триумф доаѓа во совршен момент за „светците“, кои со максимална самодоверба ќе го пречекаат Ливерпул во Лигата на шампионите. Тимот на Луис Енрике сега има десет победи по ред и со 62 освоени бода е недостижен на врвот, оставајќи го Марсеј далеку зад себе со 46.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













