Големата ѕвезда на Манчестер Сити, Шпанецот Родри, го обнови тренажниот процес. Станува збор само за индивидуални тренинзи, но тоа е охрабрувачки знак за неговото опоравување.
Освојувачот на „Златната топка“ се здоби со тешка повреда во септември, за време на дербито со Арсенал, и оттогаш нема играно за „граѓаните“, откако беше подложен на операција на коленото.
Многумина сметаат дека токму отсуството на Родри е главната причина за неуспехот на Сити оваа сезона и серијата порази и лоши резултати на сите фронтови.
Вчера клубот објави кратко видео на кое се гледа како Шпанецот тренира на клупскиот терен.
Иако Родри веќе тренира, тој ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Сепак, неговата надеж е дека ќе биде подготвен за претстојното клупско првенство во САД, кое започнува на 14 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













