Антонио Конте може да се раздели со Наполи на крајот од сезоната и да го преземе Милан, објави „Газета дело Спорт. Тренерот на „наполитанците“ го одведе тимот до позициите на врвот во Серија А, но по трансферот на Квича Кварацкелија во Пари Сен Жермен, екипата се соочува со потешкотии. Во последните четири натпревари, Наполи има три нерешени резултати и еден пораз, што му овозможи на Интер да ја преземе лидерската позиција.
Според италијанското издание, односите меѓу Конте и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, не се особено стабилни.
Интересен детал е што, според некои извори, токму Интер и спортскиот директор Бепе Марота ја пуштиле во јавноста информацијата за евентуалното заминување на Конте со цел да внесат притисок во редовите на Наполи во борбата за титулата.
Ако Конте го преземе Милан, тоа ќе биде уште еден италијански гигант во неговата кариера, откако веќе ги предводеше Јувентус и Интер во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













