
Навивачите на Барселона утрово се во екстаза бидејќи на социјалните мрежи се појави вест дека Лионел Меси има план да се врати во каталонскиот клуб и дека веќе е познато кога тоа ќе се случи.
Меси ги помина најдобрите денови од својата кариера во Барселона, со која освои сè што можеше, играјќи на неверојатно ниво повеќе од десет години.
Сепак, летото 2021 година фудбалскиот свет беше шокиран од веста дека тој нема да го продолжи договорот поради финансиските проблеми на Барселона, а Меси со солзи во очите се прости од навивачите пред да потпише за ПСЖ.
По две сезони во францускиот клуб, тој се пресели во Интер Мајами и се очекуваше дека таму ќе ја заврши кариерата, но како што стојат работите, Меси има поинаков план.
Еден од најдобрите играчи на сите времиња сака да се врати во каталонскиот клуб, каде што сака да ја заврши својата активна кариера.
Оваа информација ја објави шпанскиот новинар Алекс Кандал, а веста со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи.
Тој тврди дека Меси летово ќе се врати во Барселона и дека Интер нема да му прави проблеми околу тоа, бидејќи во Мајами се свесни колку Аргентинецот е приврзан за каталонскиот клуб.
Меси сака да заигра на новиот „Камп Ноу“ и неговата цел е да одигра барем уште една сезона во дресот на Барселона.
„Не можам да се простам од фудбалот без да играм на новиот Камп Ноу“, наводно рекол Меси, според изворите на Кандал.
Сигурно е дека во наредните денови ќе има повеќе информации, но нема потреба да се нагласува колку оваа вест ги воодушеви навивачите на Барселона, кои веќе неколку години сонуваат за враќањето на Меси во клубот.
Меси во јуни ќе го прослави својот 38. роденден, а изгледа дека неговата цел е да остане активен најмалку уште година и пол за да игра на Светското првенство во 2026 година, кога Аргентина ќе ја брани титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
