Германската фудбалска легенда Лотар Матеус изрази незадоволство од начинот на кој Томас Милер беше третиран на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Селтик.
Милер влезе во игра во 95. минута како замена за Џамал Мусијала и помина само 24 секунди на теренот, што Матеус го смета за понижувачко.
„Ова е навреда. Тоа ме растажи и навистина ми е жал за него. Бев шокиран. Милер не заслужува ваков третман. Тој е еден од најдобрите и најуспешни играчи во историјата на Баерн. Ако требаше да се направи таква замена, тренерот можеше да внесе друг фудбалер“, изјави Матеус за „Скај Германија“.
Германецот го критикуваше тренерот на Баерн, Венсан Компани, посочувајќи дека за толку кратко време можел да внесе некој друг, а не клупска легенда и рекордер по бројот на настапи.
Тој исто така додаде дека ако ова е показател за улогата на Милер во тимот во иднина, тогаш играчот треба да размисли за други опции.
Договорот на Томас Милер со Баерн истекува на крајот од сезоната, а неговата иднина во клубот останува неизвесна поради сè помалата минутажа што ја добива оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













