
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја призна супериорноста на Реал Мадрид во реваншот меѓу двата тима од плејофот во Лигата на шампионите. Натпреварот на „Бернабеу“ заврши со победа на домаќините од 3-1, а според Шпанецот, тоа било целосно заслужено.
„Подобриот тим победи. Тие го заслужија тоа. Оваа сезона не сме доволно добри, го чувствував тоа. Во претходните години бевме подобри од Реал, но овојпат – не. Во овој турнир, класата секогаш е важна. Овојпат Реал повеќе ја задржуваше топката, беа подинамични, брзи и добро притискаа. Едноставно треба да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме напред. Ништо не е вечно. Тешко беше да ги промениме работите по поразот од 2-3 во првиот натпревар. Треба да извлечеме поуки и да продолжиме понатаму. Ни остануваат уште, не знам… 30, 40 натпревари до крајот на сезоната. Треба да се обидеме да го освоиме ФА Купот, да завршиме во топ 4 во лигата и повторно да бидеме во овој турнир следната година“, изјави Гвардиола.
„Не можам да го обвинувам тимот за нашите настапи во Лигата на шампионите низ годините. Во претходните сезони бевме елиминирани од Реал, но тогаш работите беа изедначени. Стигнавме до полуфиналиња и финале. Сега кога противникот е подобар од тебе, треба да го прифатиш и да му честиташ. Белингам беше неверојатен на секој дел од теренот. Реал секогаш е фаворит за овој трофеј. Има и други кандидати: Ливерпул игра одлично оваа сезона, ПСЖ исто така, со мојот пријател Луис Енрике. Но, сепак, Реал останува големиот фаворит“, додаде Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
