Марек Хамшик, легендата на Наполи и словачката репрезентација, сега има поразличен живот од фудбалските денови. Освен што е тим-менаџер и помошник селектор во репрезентацијата на Словачка, тој се занимава и со одгледување животни и земјоделство.
Хамшик (37) е сопственик на мал зоолошки парк во својата татковина. Како што самиот изјави, има три кучиња, мачка, шест морски прасиња и два творови, а исто така се занимава и со живинарство.
Минатата година, околу Велигден, започнал со одгледување кокошки, а за нив изградил луксузен кокошарник.
„Изгледа како хотел за кокошки“, вели Хамшик, истакнувајќи дека кокошарникот има автоматски врати, вградени грејачи и вентилација.
„Сега имаме 29 кокошки, а тие несат околу 20 јајца дневно. Размислувам да отворам продавница“, додаде поранешниот капитен на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













