Менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс, ги опсипа со комплименти своите фудбалери по ремито 1-1 на гости кај Баерн Минхен. Овој резултат не беше доволен за тимот од Глазгов да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, но Роџерс остана исклучително задоволен од прикажаното на „Алијанц Арена“.
„Многу сум горд на нашата игра. Го направивме она што сакав – дојдовме во Минхен и игравме самоуверено, без страв. Горд сум на тимот. Да, разочарувачки е што примивме гол во финишот и испаднавме, но тоа не ја менува вистината дека игравме рамноправно со Баерн на неговиот стадион“, изјави Роџерс.
Алфонсо Дејвис го спаси Баерн во судиското продолжение и ги испрати Баварците во осминафиналето.
„Баерн е еден од фаворитите во турнирот, но ние им се спротивставивме до самиот крај. Малку тимови играат толку храбро на ‘Алијанц Арена’. Создадовме неколку шанси и не можеме да не бидеме задоволни од себе. Бевме одлично организирани во одбраната и во ниту еден момент не покажавме страв“, продолжи стратегот на „детелините“.
„Одигравме 10 натпревари во турнирот и момците се справија повеќе од одлично. Достојно го претставивме Селтик како клуб и шкотскиот фудбал. Сакаме да продолжиме да напредуваме и да се развиваме“, додаде Брендан Роџерс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













